Николов нѐ израдува – Македонија води со 1:0 по првото полувреме (Видео)

Македонија е чекор поблиску до третото место во групата Г, а нашата репрезентација има предност од 1:0 по првото полувреме со голот на Бобан Николов.

Играчот на Мол Фехервар искористи последен момент за погодок и беше прецизен во втората минута од судиското продолжение. Погоди ниско по земја од десеттина метри и го претрка судијата Валери, кој се подготвуваше да свири крај на првото полувреме.

https://youtu.be/Xt9YHRi1S_Q

Мечот се игра за престиж бидејќи двете репрезентации немаат шанси за првите две места во групата, кои ги освоија Полска и Австрија.

Шанси имаше и на двете страни на националната арена „Тодор Проески“, повеќе напаѓаа нашите репрезентативци, а шанси пропуштија и Барди и Елмас и Стојановски, но затоа Николов беше прецизен.

Ако победиме, а Словенија загуби во Полска, тогаш Македонија ќе биде трета во групата.

- Оглас -

Најнови вести