Николов не може без трофеј – Мол Види е победник на унгарскиот куп

Бобан Николов не може без трофеи, а нов во својата колекција освои вечерва со Мол Види по победата од 2:1 против Хонвед во финалето на унгарскиот куп.

Драмата во Будимпешта им припадна на фудбалерите на Мол Види, кои го освоија вториот пехар во клупската историја, а победија со гол во 91. минута.

Анел Хаџиќ е јунакот на Мол Види и тој погоди во последните моменти, а освојувачите на купот направија комплетен пресврт и го зграпчија пехарот.

Хонвед водеше со голот на Холендер во 14. минута од пенал, но финишот на мечот им припадна на Николови и соиграчите.

Шчеповиќ израмни во 80. минута, а Хаџиќ стави печат на победата во 91. минута. Николов го одигра целиот меч и по ланската шампионска титула со Мол Види, сега го крена и пехарот во унгарскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести