Николов остана без двајца важни соиграчи кои се барани од Црвена ѕвезда и Динамо Загреб

Шериф Тираспољ со Бобан Николов беше едно од најпријатните изненадувања во Лигата на шампионите.

Молдавскиот тим тргна со победи над Шахтар и Реал Мадрид, за на крајот групната фаза да ја заврши со седум бода.

Сепак, и покрај одличните резултати и големиот финансиски плус, овој тим остана без можеби и најдобрите играчи во последно време, Данило Арболеда и Франк Кастањеда.

„Дојдов овде со куфер полн со соништа и успеав да остварам сè. Сега Шериф е познат низ целиот свет и иако јас нема да бидам дел, ќе ги следам кога и да можам“, кажа Кастањеда.

Во квалификациите за ЛШ, Шериф ги елиминира Црвена ѕвезда и Динамо Загреб, а интересно е што покрај тоа што можат да се паднат во елиминациите од Лигата на Европа, двата балкански великани ги бараат овие играчи во своите редови.

Останува да се види даи ќе успеат да се договорат со агентите на фудбалерите и да видиме некој од нив во дресовите на овие два тима.

- Оглас -

Најнови вести