Николов првпат ќе игра на легендарниот стадион на кој Пандев стана европски првак (Фото)

Вечерашното гостување на молдавски Шериф Тираспољ кај Реал Мадрид е посебно интересно за македонската јавност бидејќи кај гостите може да заигра Бобан Николов, а не е голем бројот на Македонци кои играле европски меч против најтрофејниот европски клуб. Николов досега никогаш не играл на култниот „Сантијаго Бернабеу“, на кој пред 11 години Горан Пандев со Интер стана европски првак.

Вредниот Николов тренираше нормално и ќе ја чека одлуката на тренерот Вернидуб дали ќе го стави во игра. И Реал и Шериф победија во првото коло, па на некој начин, мечот е и битка за првата позиција, и решава кој тим ќе биде лидер на табелата во групата во која се и Интер и Шахтар,по две одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести