Брегалница го победи Осогово и на 23 мај во Штип ќе слави влез во Прва лига

Брегалница Штип без многу проблеми славеше со 3:0 на гости кај Осогово, во меч од претпоследното 29. коло. Со оваа победа штипјани стигнаа само на еден чекор од официјален пласман во Прва лига за следната сезона. Во последното коло на 23 мај, на свој терен во Штип, Брегалница ќе игра против испаднатата Победа и со три бода сигурно го освојува првото место кое носи директен пласман во елитното друѓтво.

Напаѓачот на Брегалница, Капсарев е херојот за денешната победа над Осогово, постигнувајќи ги сите три гола. Гостите поведоа со погодокот на Капсаров во 19 минута, а истиот играч во 43 минута реализираше пенал за удвојување на водството.

На почетокот од второто полувреме, односно во 55 минута, Капсаров од контра напад по трет пат го матираше домашниот голман на Осогово и го комплетираше хет-трикот.

Без проблеми во ова коло славеа и останатите фаворити. Скопје. на гости кај Големо Коњари победи со убедливи 7:1 и останува во чекор со лидерот Брегалница Штип. Скопје како и штипјани има 68 бодови, но на крајот ако имаат исто број на бодови ќе биде втор поради двата порази од штипјани во меѓусевните пресметки.

Шкендија Арачиново е на третото место со 66 бодови откако без многу проблеми со 5:1 го победи Новаци. Арачиновци уште сега може да се подготвуваат за бараж дуелот за влез во Прва лига.

Резултати: Осогово – Брегалница Ш. 0:3, Големо Коњари – Скопје 1:7, Шкендија А. – Новаци 5:1, Беласица – Каменица Саса , Кожуф – Тетекс 1:4,  Слога Виница- Преспа 3:2, Победа – Вардар Неготино 4:2, Охрид – Слога Виница одложена

Табела: Брегалница Штип 68, Скопје 68, Шкендија А. 66, Охрид 62 (меч помалку), Осогово 53…

- Оглас -

Најнови вести