Тиквеш и Пелистер одиграа драматичен и возбудлив натпревар во претпоследното коло од македонската Прва лига, кој заврши без победник 2-2, иако домаќините имаа сигурна предност по првите 45 минути.
Tиквеш поведе во 29-тата минута, кога Кристијан Ацковски најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го постигна својот прв гол во дресот на кавадаречкиот тим.
Само десетина минути подоцна, домаќините ја удвоија предноста. Судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Н’Фанли Сила за водство од 2-0 и голема радост на трибините.
Сепак, Пелистер не се предаде. Гостите во второто полувреме тргнаа многу поофанзивно и решени да се вратат во мечот. Двоен стрелец за Пелистер беше Мирко Ивановски, но во ова реми битолчани дефинитивно ќе играат бараж за опстанок.
Работнички го победи Шкупи со 0-7, а Башкими и Македонија ЃП ремизираа 3-3.

