Николов се прости од Лигата на Европа со реми против Челзи, испаднаа Бешикташ и ПАОК

Бобан Николов одигра одличен меч за МОЛ Види против Челзи, а со соиграчите се прости од настапот во Лигата на Европа со реми 2-2 против англискиот тим.

Унгарците направија пресврт по прекрасниот гол на Вилијан од слободен удар за Челзи и со автоголот на Ампаду и голот на Него поведоа со 2-1, иако и победа не ги носеше во следната фаза. БАТЕ Борисов го победи ПАОК со 3-1 и со Челзи е патник во нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Патем, и Оливие Жиру со уште еден прекрасен гол од слободен удар израмни на 2-2 и ја потврди елиминацијата на МОЛ Види.

Во аут се и Бешикташ, ПАОК и Глазгов ренџерс по поразите вечерва од Малме, БАТЕ Борисов и Рапид Виена.

Резултати на дуелите што се играа од 18.55 часот:  Акхисар – Стандард 0-0, Бешикташ – Малме 0-1, Генк – Сарпсборг 4-0, Динамо Киев – Јаблонец 0-1, Лацио – Ајнтрахт 1-2, Марсеј – Аполон 1-3, МОЛ Види – Челзи 2-2, ПАОК – БАТЕ Борисов 13, Рапид Виена – Глазгов ренџерс 1-0, Рен – Астана 2-0, Севилја – Краснодар 3-0, Вилјареал – Спартак Москва 2-0.

Во нокаут-фазата во Лигата на Европа досега се пласираа: Баер Леверкузен, Цирих, Салцбург, Зенит, Динамо Загреб, Фенербахче, Ајнтрахт Франкфурт, Лацио, Арсенал, Спортинг, Бетис, Вилјареал, Рапид Виена, Генк, Малме, Севилја, Краснодар, Динамо Киев, Рен, Челзи и БАТЕ Борисов.

- Оглас -

Најнови вести