Николов се жали: Ова е катастрофа!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, рече дека Црвено-жолтите ќе одат на победа против Бугарија на 2 јуни во Разград, но се пожали на новиот систем на натпреварување во Лигата на нации.

„Ништо не е тешко кога треба да се игра за репрезентацијата. Сепак, катастрофа е ова што се случува, треба да одиграме четири меча за 10 дена, но да не навлегуваме ние во тоа, си има нови правила. Ќе биде тешко, но не бараме алиби, ќе покажеме дека можеме да го истуркаме и ова, и ќе победуваме. Со Трајковски кој ќе дојде утре, ќе се комплетираме. Наша цел е првиот меч, фокусирани сме само на Бугарија, не бегаме од тоа дека сме фаворит во групата. Тоа што се случи со Италија и Портуалија е минато, треба да се фокусираме на овие предизвици и да покажеме дека ништо не е случајно. Младите добро се вклопија, ќе ни помогнат, играат во добри клубови, не случајно се тука. Ако играме како што знаеме, мислам дека ќе победиме во Бугарија, а потоа ќе мислиме на наредните три меча“ – вели Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести