Николов со Шериф гостува на „Сантијаго Бернабеу“, Карло Анчелоти бара внимателна игра на Кралевите

Единствениот Македонец кој сезонава игра во Лигата на шампионите, Бобан Николов, со својот Шериф Тираспол гостува кај најтрофејниот клуб во елитното натпреварување, Реал Мадрид. И Шериф и Реал стартуваа со победи без примен гол во првото коло, но сега јасно е дека Кралевите се големи фаворити за победа. Тоа го знае и тренерот на домаќините, Карло Анчелоти, кој сепак не сака да го потцени противникот.

„Ова е меч од Лигата на шампионите и затоа мора добро да бидеме подготвени. За нас овој турнир има посебно значење и треба да продолжиме со традицијата да победуваме. Сепак, треба да бидеме внимателни затоа што Шериф е добар тим кој игра внимателно, добро се организирани и имаат брзи играчи по крилните позиции. Треба да бидеме максимално сконцентрирани ако сакаме да ги освоиме трите бода“, рече Анчелоти.

Според најавените состави, Николов нема да биде меѓу стартерите, но тоа не значи дека нема да го видиме на теренот на легендарниот стадион, посебно по формата во која е македонскиот репрезентативец. На два од последните три меча, Николов постигнува гол за Шериф, па тоа треба да е препорака сепак да влезе од клупата за резерви.

Реал треба да игра во стандардната офанзивна формација со Бензема, Азар и Жуниор во напаѓачкиот дел.

 

- Оглас -

Најнови вести