Лече загуби на гостувањето кај Венеција со 1-0 во првиот полуфинален меч од плејофот во Серија Б.
Македонските интернационалци Бобан Николов и Леонард Жута мечот го почнаа како резерви гостите на клупата, па само нашиот играч за врска доби шанса да настапи за гостите и ги одигра последните петнаесетина минути од мечот.
Победата за Венеција ја донесе Форте во 47-та минута, па сега Лече за три дена ќе мора да брка минимална негатива во финишот доколку сака да се најде во финалето од разигрувањата и пласманот во италијанската елита.
Претходно денес Читадела освари убедлив триумф од 3-0 во првото полуфинале против Монца.