Никс се разиграа и победуваат откако останаа со куси панталони за плејоф (Видео)

Кошаркарите на Њујорк никс третпат по ред победија во НБА-лигата, но веројатно имаат задоцнет финиш за настап во плејофот.

Популарните Никербокерс вечерва го победија Детроит пистонс со 104:102 и теоретски сè уште се надеваат на чудо и на пласман во доигрувањето, иако на 7 меча до крајот на регуларниот дел од НБА-шампионатот имаат 4 победи помалку од Аталанта хоукс, која го држи последното плејоф-место, десеттото во Источната конференција.

Ер-Џеј Берет со 21 поен го предводеше Њујорк до трета победа по ред, а Џулиус Рендл постигна 20 поени.

Најефикасен на мечот беше Марвин Бегли од Детроит со 27 поени. Пистонс одамна немаат шанси за настап во плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести