Никси нема да загубат во „Големото јаболко“ од Њу Орлеанс

8001 Њујорк никс – Њу Орлеанс (НБА, 01:30 часот)

Веќе две години нанзад, Њујорк го краси одлична игра во одбраната а минатата сезона по подолго време успеаа да се пласираат во плеј-офот а целта и за оваа е иста.

Никси со борбеноста особено на домашен терен во моментов се на 11-та позиција на Истокот и само едно место под плеј ин турнирот, додека од друга страна Њу Орлеанс игра без најголемата своја ѕвезда Зајон Вилијамсон кој што е повреден од почетокот на самата сезона.

Гостите играат навистина лошо и на последните пет средби имаат исто толку порази, а и веќе полека се фокусираат кон наредната сезона бидејќи во оваа тешко дека ќе направат некој подобар резултат.

Предлог тип: 1 (1.65)

8473 Далас маверикс – Феникс санс (НБА, 01:30 часот)

Сè уште е непознато дали вечерва на паркетот ќе го видиме Лука Дончиќ за овој спектакуларен меч да биде комплетен. Минатосезонскиот финалист, пак, игра во одлична форма и со Девин Букер и Крис Пол ќе го нападне обрачот на Далас.

Во секој случај очекуваме ефикасен натпревар со голем број на поени и возбудувања а интересно е што на последните три средби кога Далас бил домаќин, Феникс се редувал на победата и тоа со голем број на поени (108:109, 105:111, 104:133), а вечерва ќе одиме на посигурна варијанта.

Предлог тип: >213.5 (1.91)

8474 Голден Стејт ворирорс – Индијана пејсерс (НБА, 04:00 часот)

Со враќањето на Клеј Томпсон, Голден Стејт стана еден од најсериозните кандидати за титулата во НБА.

А кога ќе се додаде и неверојатниот Стеф Кари како и еден од најдобрите дефанзивци во лигата, Дејмонд Грин тогаш јасно е и зошто е тоа така.

Томпсон се одма почна да игра како воопшто да не отсуствувал така долго од паркетот, а вечерва против Индијана се очекува ново нивно шоу.

Предлог тип: 1 & >216.5 (2.40)

8201 Бостон бруинс – Вашингтон кепиталс (НХЛ, 01:00 часот)

Ова ќе биде втора средба на овие две екипи во новата, 2022 година а ние се надеваме дека ќе биде реприза на таа одиграна пред неколку дена.

Видовме дури 10 погодоци и победа од 7:3 за Бостон и тоа на гостувањето во главниот град на САД.

Овој пат улогите се променети, но, и моменталната форма ни гарантира голем број на погодоци бидејќи и двете екипи даваат најмалку шест погодоци во трите последни нивни дуели со останатите опоненти.

Предлог тип: >5.5 (1.85)

8481 Вегас голден најтс – Монтреал канејдиенс (НХЛ, 04:00 часот)

Ако се погледне позицијата на табелата тогаш јасно е зошто домаќинот е фаворит.

Лас вегас е на четврттото место на Западот и ќе ја брка 20-та победа во сезоната, додека Монтреал е „закован“ на дното со само 21 бод односно седум победи.

Воедно, гостите повторно имаат проблеми со Ковид-19 и повреди и ќе бидат без осум хокејари, додека Лас Вегас ќе бара победа по пауза од три средби.

Предлог тип: 1 & 6+ (2.25)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести