Никси се лоши, ама најмногу вредат во НБА

Њујорк никс игра лошо и сезонава, но остана највредната НБА-франшиза според извештајот на Форбс, пред една од најтрофејните екипи Лос Анџелес лејкерс.

Клубот од Големото Јаболко тежи 4,6 милијадри долари и сè уште е на првото место, и тоа подолго време, пред Езерџиите од Лос Анџелес, кои се проценети на 4,4 милијарди долари.

Огромен напредок во последните 20-тина години бележи Голден стејт вориорс на третото место со проценета вредност од 4,3 милијарди долари.

Воините во 1999 година вредеа само 140 милиони долари, но трите титули и уште неколку финалиња придонесоа цената рапидно да им се зголеми.

Во Топ-5 се Чикаго булс со вредност од 3,2 милијарди долари и Бостон селтикс со 3,1 милијарда долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести