Нил Робертсон се изгуби во Англија, кога сфати, беше доцна

Австралиецот Нил Робертсон е поранешен светски првак во снукер, а моментно е четвртопалсиран на светската ранг-листа, и беше исфрлен од Ворлд опен бидејќи го утна градот во кој се игра турнирот на кој треба да настапи. Утката на „громовникот од Австралија“ беше 250 километри.

Најголемиот австралиски снукер-мајстор во историјата требаше да игра против Ијан Барнс и со автомобил тргна кон градот Барнсли во Јоркшир, каде што секогаш се играше Ворлд опен. Но, проблемот е што наместо во тој, Робертсон се упати кон другиот град со име Барнсли, кој се наоѓа на 250 километри од тој Барнсли.

Навигацијата во автомобилот го измами, а кога сфати дека не оди кон вистинскиот град Барнсли, беше предоцна да сврти и да стигне навреме на натпревар. Организаторите во типичен англиски студен стил го исфрлија светскиот првак од 2010 година од турнирот.

Ова не му е првпат сезонава на русокосиот Робертсон да не дојде на закажан меч. Не можеше да игра и на Мастерсот во Рига бидејќи авионскиот лет му беше откажан, а на Отвореното првенство на Кина не се појави поради вироза.

Во Sport Life можете да се обложите на снукер-натпревари. Загубениот Робертсон игра со Џек Лисовски, а подоцна попладнево во шампионската лига против Лука Бресел. На снукер-масата, Австралиецот е поопасен отколку надвор.

- Оглас -

Најнови вести