Нишикори си обезбеди пресметка против Федерер

Познати се сите парови во четврт-финалето на АТП Мастерсот во Париз, откако Кеј Нишикори со 2-0 (6-4, 6-4) беше подобар од Кевин Андерсон. Во текот на целата средба, Нишикори направи само два брејка, му го одзеде првиот гем на противникот во првиот сет, а потоа следуваше и клучниот брејк за 5-4 во вториот сет.

За Јапонецот ова ќе биде само второ појавување во оваа фаза од Мастерсот во Париз, а со оваа победа си обезбеди пресметка во четврт-финалето против Роже Федерер, додека останатите парови се: Доминик Тим – Џон Сок, Марин Чилиќ – Новак Ѓоковиќ и Александр Зверев – Карен Качанов.

- Оглас -

Најнови вести