Ништо не е случајно – Алекс редовно „тресел“ за Палермо од истото тоа место како против Италија (ВИДЕО)

Алекс Трајковски, момчето кое со фантастичен гол ни донесе сензационална победа против Италија, четири години од својата кариера мина во Палермо.

„Ренцо Барбера“ е неговиот втор дом и е стадионот на кој што мина многу фантастични мигови. И додека многумина се чудеа на неговата „бомба“ со Аѕурите, добро упатените фанови на Палермо се потсетија дека влушност ништо не е случајно.

Алекс во неколку наврати има погодено од таа или слична позиција како што погоди во судиското продолженије пред два дена.

- Оглас -

Најнови вести