Ништо не му е на Феликс, замената била превентива

Жоао Феликс вчера го запиша официјалното деби во Ла Лига за Атлетико Мадрид во победата над Хетафе со минимални 1-0. Португалската сензација им покажа на навивачите што да очекуваат од него во иднина, правеше магии со топката и беше незадржлив за гостинските фудбалери.

Сé до неговото излегување од игра во 66-тата минута, Феликс беше одличен, а тоа ги нервираше играчите на Хетафе кои влегуваа во остри дуели со Португалецот, по што во еден момент мораше да му биде укажана лекарска помош. За да се избегне посериозна повреда, Феликс го напушти теренот, а станува збор за грч, што значи дека нема потреба за паника во таборот на Јорганџиите.

https://twitter.com/90MinsWithSat/status/1163201773311594497

- Оглас -

Најнови вести