Ништо ново во Ф1: Ферстапен доминираше, еден-два победа на Ред Бул во Бахреин

Онаму каде што завршија минатата сезона возачите на Ред Бул, таму и продолжија во новата сезона на Формула 1. Холандскиот возач, Макс Ферстапен, доминантно дојде до победата на трката за ГН на Бахреин, и тоа пред неговиот клупски колега Серхио Перес, кој заврши како второпласиран.

https://twitter.com/F1/status/1763966503274090817

Најголем губитник на трката во Бахреин е возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој иако тргна од првиот ред на стартот, односно од втората позиција, на крајот мораше да се задоволи само со четвртата позиција, откако освен возачите на Ред Бул, пред него заврши и вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц.

Во бодови завршија уште и Расел, Норис, Хамилтон, Пјастри, Алонсо и Строл.

https://twitter.com/F1/status/1763967379795546154

- Оглас -

Најнови вести