Ништо од девет во низа: Ослабениот Бруклин наиде на расположениот Дончиќ (видео)

Далас маверикс ја прекина серијата од осум победи на Бруклин нетс во дербито на ноќта со 115:98. Во составот на Мрежичките недостасуваше веќе извесно време повредениот Кевинд Дурант, а во пресрет на мечот и Ирвинг се смести меѓу повредените, па затоа Дончиќ и дружината профитираат од ситуацијата и приредија изненадување во „Барклајс центарот“.

Нормално дека директниот дуел меѓу Дончиќ и Харден се следеше со посебно внимание, а двете ѕвезди уште од стартот беа расположени за кошеви. Харден тргна одлично, со 15 поени во првиот период, односно 25 во двете четвртини пред полувремето, а наместо да продолжи во ист ритам, популарниот Брада застана во вториот дел и реализираше само четири поени.

Тоа беше знак дека гостите може да градат висока предност, па така следуваше серија од 12-0 на Далас на стартот од последниот период за недостижни +22 поени предност.

Харден беше најефикасен играч на средбата со 29 поени и 7 скока, Дончиќ постигна два поени помалку, но тоа беше доволни за Маверикс да ја запише седмата победа во последните девет натпревари.

Останати резултати НБА:

Филаделфија 109:112 Кливленд, Вашингтон 118:112 Минесота, Њујорк 110:107 Индијана, Оклахома 96:126 Денвер, Орландо 109:124 Јута, Сан Антонио 117:114 Њу Орлеанс.

- Оглас -

Најнови вести