Ништо од Јуве, Суарес бира меѓу три клуба за да остане во Ла Лига

Ниту Јувентус, ниту враќање во Јужна Америка, Луис Суарес е решен да остане во Шпанија и веќе има три понуди.

Бидејќи е слободен играч, Севилја, Реал Сосиедад и Вилјареал застанаа во редот да преговараат со искусниот уругвајски напаѓач. Сите три клуба се во контакт со неговиот агент, па изборот ќе падне на клубот кој ќе понуди најдобри услови.

Имаше опција и да се врати во Барселона доколку Каталонците го испуштат Левандовски, но Суарес го одби тој камбек.

- Оглас -

Најнови вести