Ништо од Јувентус, Вернер се враќа дома?

Тимо Вернер по сите изгледи ја завршува двегодишната авантура во Челзи и е блиску да се врати во редовите на Лајпциг. Бундеслигашот има намера да му ја оживее кариерата откако Германецот не ги оправда вложените 53 милиони евра кои Сините ги платија пред две сезони.

Има два начини според кои Вернер би можело повторно да биде Црвен бик. Двата клуба преговараат околу директна размена Вернер – Гвардиол, Тухел силно го посакува 20-годишниот хрватски стопер како засилување во одбраната.

Втората опција е позајмица со откуп на договорот на Вернер во иднина, а како и да се случи трансферот, репрезентативецот на Панцерите ќе мора да прифати 50% пониска плата од онаа што ја заработува на „Стемфорд бриџ“.

Вернер во меѓувреме се најде на листата потенцијални трансфери на Јувентус, но од Торино засега мируваат бидејќи Алегри попрво би го вратил Алваро Мората во својот состав.

- Оглас -

Најнови вести