Ништо од нова средба меѓу Мбапе и Роналдо, светскиот првак не игра против Португалија

Килијан Мбапе ќе го пропушти вечерашното гостување на Франција во Лисабон, каде што силите треба да ги одмери против актуелниот европски првак Португалија во рамки од Лигата на нациите.

Селекторот Дидие Дешамп не сака да ризикува со младата ѕвезда на ПСЖ, кој во селекцијата се приклучи со почнат процес на рехабилитација од повреда на бутниот мускул. Иако се вршеше напори за повторно да гледаме мега-дуел меѓу Мбапе и неговиот идол Кристијано Роналдо, сепак тоа нема да се случи.

Дербито на европскиот и светскиот првак е закажано за вечерва во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести