Ништо од преселбата во Ел-Еј, Ирвинг останува во Бруклин

Кајри Ирвинг, ѕвездата на Бруклин, во краток период ја промени одлуката и сега реши до крај да го одработи договорот со Мрежичките.

Одличниот плејмејкер ја активира клаузулата од 37 милиони долари и ќе биде лидер на тимот од предградието на Њујорк и во сезоната 2022/23.

До вчера кружеа шпекулации дека ексиграчот на Кливленд изразил желба повторно да игра со Леброн Џејмс. Беше виден како тренира во Лос Анџелес, па медиумите го поврзаа со преселба во тимот на Лејкерс. Сепак, Ирвинг уште една сезона ќе биде дел од Бруклин, а по ова се очекува и Кевин Дурант да остане во екипата, иако му се најавува трејд во Портланд.

- Оглас -

Најнови вести