Ница ги собира „отпадоците“ од Премиер лигата и го претстави довчерашниот играч на Челзи

Рос Баркли кој што од пред неколку дена е слободен агент, ќе се приклучи кон екипата на Ница.

Некогашниот играч на Челзи кој што во 2018 беше доведен за 20 милиони евра, ќе пристигне на Аѕурниот брег и со тоа ќе ја продолжи листата на „отпишаните“ кој што овој тим ги носи од Премиер лигата.

Каспер Шмајхел од Лестер и Никлас Пепе од Арсенал летово пристигнаа во овој тим. А тука е и Арон Рамзи, кој што како слободен агент дојде од Јувентус.

Баркли за Челзи одигра 58 натпревари и постигна пет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести