Ниту Д од „дрим-тим“, Фурние ги „испече“ Американците

Кошаркарската репрезентација на САД која важи за прв фаворит за златото на ЛОИ во Токио, во првото коло загуби од Франција со 76-83. После киксот во 2004 година, Американците освојуваа злато на ЛОИ во 2008, 2012 и 2016 година, но годинава ќе треба да се помачат ако сакаат да се закитат со најсјајниот медал.

Французите кои ги совладаа Американците пред две години на Светско првенство, денеска беа предводени од Еван Фурние, кој уфрли 28 поени.

САД водеше со осум поени разлика по првото полувреме, но Франција доминираше во третиот квартал и направи пресврт, а во финишот екипата на селекторот Венсан Коле, успеа да ја доврши работата и да најави дека е кандидат за медал. Џри Холидеј со 18 поени беше најефикасен во американскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести