Ниту голманот кој одбрани 10 пенали, нема да ги спаси од испаѓање (Видео)

Осасуна со гол на Хрватот Анте Будимир во 92-ра минута, го победи локалниот ривал (од Памплона до Виторија има 97 километри) Алавес со 1-0. Со овој пораз, Алавес е уште поблиску до испаѓање од шпанската Примера и преселба во Сегунда дивизија.

На домашните им беше поништен гол, утнаа и пенал, но на крај сепак освоија три бода.

Фернандо Пачеко кој го брани голот на Алавес, денеска одбрани пенал, што е негов 10-ти одбранет удар од белата точка во кариерата, и заедно со Серхио Асенхо се најдобри во бранење пенали меѓу активните голмани во Шпанија.

https://twitter.com/i/status/1513147246937788416

- Оглас -

Најнови вести