Ниту Кирби не можеше да „исчисти“ пораз на Англичанките

Репрезентацијата на Шведска со 2-1 ја совлада Англија во мечот за трето место на Светското првенство во фудбал за жени. Така, Швеѓанките подобро се снајдоа на топлото време во Ница, го зедоа медалот кој Англичанките го освоија на претходниот Мундијал.

Косоваре Аслани ја доведе Шведска во водство во 11-та минута, а 11 минути подоцна Јакобсон зголеми на 2-0. Англичанките намалија во 31 минута преку Кирби, но застанаа тука, иако имаа одлична шанса во 90-тата минута, но топката за малку не ја мина гол-линијата. Карен Кирби го имаше 144-тиот и последен настап во дресот на националниот тим.

Во финалето на СП, утре играат актуелниот светски првак САД и европскиот шампион Холандија.

- Оглас -

Најнови вести