Ниту Меси, ниту Роналдо… За Мурињо најдобар е „феноменот“

Во интервју за шпанскиот весник „АС“, Жозе Мурињо истакна кој е најдобриот фудбалер кој го гледал во живо. Португалецот малку изненанди со својот избор, бидејќи не одбра ниту еден од играчите кои доминираат во изминативе 15 години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

За Мурињо, најдобар играч е Роналдо Назарио, популарниот „Ил феномено“, бразилската легенда која во кариерата би бранеше боите на Барселона, Реал Мадрид, Интер, Милан.

„Роналдо и Меси доминираат во изминативе 15 години, тоа е неспорно. Можеби никогаш нема да се родат играчи како тие двајца, но, според мене, најдобар и најталентиран фудбалер кој сум го гледал во живо е Роналдо Назарио. Бројните повреди го спречија да создаде кариера каква што имаат Лео и Кристијано, но тој беше еднакво таленттиран, можеби и повеќе од нив. Неверојатно колку беше моќен на 19 години“, изјави Мурињо.

Мурињо имаше прилика да го тренира легендарниот Бразилец во периодот од 1996 до 1997 година кога му беше помошник на Боби Робсон во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести