Ниту рекордерот Тухел не очекуваше ваков старт од соништата во Челзи

Челзи рутински ги освои бодовите против Евертон со 2-0, победа со која Томас Тухел испиша историја во Премиер лигата.

Имено, Тухел е првиот менаџер во англиското првенство кој во првите пет натпревари на домашен терен го предводеше тимот со чиста мрежа. Откако Тухел е на кормилото на Сините, голманот Едуар Менди во седум од вкупно девет лигашки меча ја сочува мрежата, што е најдобар учинок во топ 5 лигите во Европа.

Ваков старт од соништата не очекуваше ниту германскиот стратег, кој екипата ја презеде во лоша форма на почетокот од 2021 година по заминувањето на Френк Лампард.

Челзи во вкупно 11 натпревари нема пораз со Тухел како нивен менаџер, од кои тимот од „Стемфорд бриџ“ доби осум, а ремизираше само во три меча.

- Оглас -

Најнови вести