Нкунку: Нападите врз Камавинга не се фер!

Кристофер Нкунку нема да игра на Светското првенство во Катар затоа што пред неколку дена се здоби со повреда на коленото по еден дуел со Едуардо Камавинга.

Камавинга деновиве добивал закани и расистички навреди, па Нкунку побара тоа да престане.

„Сакам да искажам целосна поддршка за мојот соиграч Едуардо Камавинга, кој е жртва на нефер напади. Светското првенство треба да обединува, а не да разделува. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја дадоа. Ќе бидам најголем навивач на Франција, момци, направете нè горди“, порача Нкунку.

- Оглас -

Најнови вести