Нојер го израмни рекордот на Кан, му фалат уште неколку „шут-аути“ за јубилејна 200-ка

Мануел Нојер успеа да ја сочува мрежата на Баерн Минхен без примен гол на гостувањето кај Аугсбург и со 196-тиот меч во кариерата без примен гол се израмни со легендата Оливер Кан.

Двајцата голмани на Баерн и на германската репрезентација, едниот сегашен, вториот поранешен, се на врвот на вечната листа во Германија со по 196 натпревари на кои не дозволиле да им се тресе мрежата.

Оливер Кан одамна е пензиониран, па Нојер има чист пат да биде сам на врвот и наскоро и да ја мине магичната граница од 200 меча без примен гол. Вчера имаше и среќа откако напаѓачот на Аугсбург, Алфред Финбогасон утна пенал во 77-мата минута, па Нојер му се радуваше на рекордот и на победата од 1:0 против локалниот ривал од Баварија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести