Нојер непријатно изненаден од две одлуки на селекторот Нагелсман

Првиот голман на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер, јавно призна дека е изненаден од една одлука на селекторот Јулијан Нагелсман, а со сигурност може да се тврди дека не му се допаѓаат две одлуки, не само една.

После победата на Баерн над Дармштад, Нојер кажа дека е изненаден што неговиот соиграч Леон Горецка не е на списокот на Нагелсман за мартовските мечеви и дека апсолутно заслужува да биде во репрезентацијата. Горецка беше стандарден репрезентативец, но овојпат неочекувано не доби повик.

Она што го боли Нојер е уште нешто. Иако се враќа во националниот тим после паузата, нема да биде капитен. Селекторот одлучил капитенската лента да остане кај Илкај Гундоган кој беше капитен за време на отсуството на Нојер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести