Нојер против Фуријата ќе урива рекорд стар 41 година

Последното коло од Лигата на нациите ни носи големо дерби меѓу Шпанија и Германија. Двете исклучително квалитетни репрезентации се борат за првото место во групата 4 од Сегментот А, кое носи пласман во плејофот од меѓународното натпреварување.

Црвената фурија ќе биде домаќин во Севилја, а овој меч ќе биде посебен за Мануел Нојер, германскиот чувар на мрежата и член на Баерн Минхен.

Нојер утре ќе урне рекорд стар 41 година, ќе го надмине легендарниот Сеп Мајер како голман со најмногу настапи за Панцерите. Двајцата засега стојат на 95 настапи, Мајер го држи рекордот од 1979 година, а во пресрет на овој меч му честиташе на Нојер што ќе го тргне од врвот на оваа листа.

Со оглед на тоа дека Нојер има 34 години, што не се многу за голман, овој рекорд може да биде подобрен во блиска иднина доколку ѕвездата на Баварците одлучи да брани за Панцерите до крајот на неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести