Нокдаун за Росонерите, Лукаку го обои Милано во сино-црно (видео)

Интер го доби градското дерби против Милан со сигурни 2-0 на „Сан Сиро“. Избраниците на Антонио Конте го положија првиот посериозен испит сезонава и го задржаа максималниот учинок по четири кола во Серија А. Фудбалерите на Милан делуваа несериозно во поголем дел од средбата, а немаа ниту една посериозна шанса со која можеа да му се заканат на Хандановиќ.

По бледото прво полувреме во кое Интер можеше да поведе преку Д‘амброзио доколку бекот не ја затресеше гредата, конечно се виде погодок кој го реализираше Брозовиќ. Хрватот ја отвори средбата во 50-тата минута, а откако гостите продолжија да притискаат за втор гол, испорача Лукаку откако со глава го надмудри Донарума во 78-та минута.

Победата на Интер можеше да биде поубедлива, бидејќи неколку минути подоцна Политано се најде во шанса, шутираше од околу 20 метри и ја погоди гредата од голот на Росонерите. Убава прилика имаше и Кандрева, но и дирекот и третпат во овој меч му беше сојузник на Донарума.

Интер по ова коло останува на лидерската позиција во Серија А со 12 бода, додека Милан го претрпе вториот овосезонски пораз и со шест бода паднаа на деветтото место.

https://twitter.com/didotxf/status/1175507631315681280

- Оглас -

Најнови вести