Ноќната шема му донесе отказ на Хиндс во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје не сакаше повеќе да го толерира неспортскиот живот и недисциплина на Американецот Џабари Хиндс и ја прекина соработката со плејмејкерот.

Хиндс на почетокот на авантурата кај Аеродромци играше одлично, но во последно време настапите му беа лоши. Од клубот велат дека веќе не можеле да го толерираат неговиот неспортски однос и ноќните проводи непосредно пред мечевите на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата и во домашното првенство.

Пред Хиндс. клубот се раздели и со Радуловиќ и со Морнар, а најавено е дека наскоро ќе биде пополнето местото плејмејкер што остана испразнето по разделбата со Американецот.

- Оглас -

Најнови вести