27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Ноле доби јасна порака од Австрaлија, сега останува тој да одлучи

Новак Ѓоковиќ ги разреши сите дилеми околу тоа како ќе реагираат организаторите на првиот гренслем-турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија, кога се работи за невакцинираните тенисери. Организаторите дозволија учество и на невакцинираните тенисери, но дадоа еден услов, а тоа е дека секој невакциниран што ќе влезе во државата, ќе мора да помине две недели во карантин.

Дури и премиерот на Австралија, Скот Морисон, потенцираше дека нема да има никаков попуст за Ѓоковиќ и дека Србинот ако реши да игра на турнирот во Мелбурн, ќе мора да оди во двонеделен карантин затоа што е невакциниран.

„Истите правила важат за сите луѓе. Без разлика дали се работи за победник на гренслем-турнир, премиер на некоја земја, трговски патник, студент или некој друг човек. Сите мора да поминат во двонеделен карантин“, изјави премиерот Морисон.

Гренслемот во Австралија се игра во јануари следната година, а дотогаш прво ќе се играат два големи турнири, и тоа во Париз и завршниот Мастерс во Торино, по кои Ѓоковиќ се надева дека до крајот на годината ќе ја задржи челната позиција на АТП-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести