Ноле имал две барања и двете му биле одбиени, а тоа може да е клучно за неуспех дури и да добие виза за влез во Австралија

Новак Ѓоковиќ веќе трет ден поминува сместен во хотел за мигранти во Мелбурн, откако властите во Австралија решија дека визата за влез не му е валидна. Србинот допатува во Мелбурн за да настапи на првиот Гренд слем турнир во сезоната, но сега е можно воопшто да не добие влез во земјата, а не па да има шанса да го брани тронот.

Во овие речиси 80 часа во кои Ѓоковиќ е затворен во една соба и нема контакт со никого, Србинот имал само две барања до австралиските власти. Првото било да му дозволат на неговиот личен готвач да му ја подготвува храната, а втората е да му дозволат изолирано да тренира, за да може да остане во натпреварувачка форма.

Двете барања на Ѓоковиќ биле експресно одбиени. Токму начинот на исхрана се смета како еден голем адут за успесите на Србинот. Без правилна исхрана, но и без тренинг, се намалуваат шансите на Ѓоковиќ за успех, дури и да добие дозвола за влез во Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести