Ноле имаше шест барања до организаторите на Австралија Опен и сите му беа одбиени

Новак Ѓоковиќ вчера испрати писмо со шест барања за тоа како треба да бидат пречекани и третирани сите тенисери кои ќе бидат дел од првиот Гренд слем турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија. Српскиот тенисер очекуваше дека ќе добие барем некое „зелено светло“ од точките кои ги наведе во барањето, но сите му беа одбиени.

Првиот човек на Австралија опен, Крег Тили најави дека турнирот нема да биде одложен, иако сега дури 72 тенисери и тенисерки се во карантин и не смеат да ги напуштат своите соби.

Сите тенисери и тенисерки и членови на нивните тимови, кои патуваа со чартер летот од Лос Анџелес за Мелбурн ќе бидат во двонеделен карантин, откако било откриено дека меѓу патниците, двајца имало позитивни на Коронавирусот. Ѓоковиќ како претседател на Здружениетона професионални тенисери во своите шест барања имаше: да има фитнес и тренинг опрема во сите соби, соодветна исхрана на ниво на турнирот и потребите на врвните спортисти, Намалување на деновите на карантин , доколку од повеќе тестови потврдат дека се негативни на Коронавирусот, дозвола да имаат контакт со тренерот или кондицискиот тренер, а ако го поминале тестот да бидат и на ист спрат, како и тоа да може поголем дел од тенисерите да се преместат во приватни куќи каде ќе можат нормално да тренираат во тој период на карантин.

- Оглас -

Најнови вести