Ноле лесно се пласира во полуфиналето во Дубаи, но противникот го имаше најдобриот поен (Видео)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, без многу проблеми се пласира во полуфиналето на АТП-турнирот во Дубаи откако со 2:0 во сетови го победи Хуберт Хуркач.

Во првиот сет, Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис, а успеа да направи еден брејк, по кој поведе со 4:1 и до крајот ја сочува предноста и првиот сет го доби со 6:3. Во вториот сет беше многу понеизвесно.

Тенисерите беа сигурни на своите сервиси и резултатот беше 5:5 кога дојде време Хуркач да сервира. Ѓоковиќ стигна до 40:15 и имаше две брејк топки кои не ги искористи. Потоа уште две брејк топки беа неискористени од Србинот, па на крајот по голема борба, Ноле успеа да ја добие петтата брејк топка во овој гејм и да го добие со 6:5. Токму овој момент беше клучен за фаворитот на крајот да го добие и овој сет со 7:5 и да се пласира во полуфиналето.

Хуркач даде одличен отпор, а Полјакот, кој е на 11-тото место на АТП-листата, го имаше и најатрактивниот поен на мечот.

- Оглас -

Најнови вести