Ноле му честиташе на Алкарас за првото место, но потоа порача: Се надевам дека ќе играм на Отвореното првенство на САД

Новак Ѓоковиќ како вистински џентлмен му го честиташе првото место на АТП-листата на Карлос Алкарас, кој победи на Индијан Велс. Србинот потенцираше дека не се кае затоа што решил да не се вакцинира против корона-вирусот, поради што и нема добиено дозвола за влез во САД.

„Не се каам. Во животот научив дека каењето може само да ви наштети, да ве натера да живеете во минатото, а јас тоа не го сакам. Сакам да бидам во сегашноста и да создадам подобра иднина. Му честитам на Алкарас. Апсолутно заслужува да се врати на првото место. Штета што не можев да играм во Индијан Велс и Мајами затоа што ги сакам тие турнири. Таму имав многу успеси, но свесно донесов одлука и знаев дека постои ризик да не смеам да патувам таму. Моментално таква е ситуацијата, но се надевам дека до почетокот на Отвореното првенство на САД ситуацијата ќе се смени. Тоа сепак е најважниот турнир во САД и се надевам дека ќе бидам таму“, рече Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести