Ноле се чуди како успеал да победи, но е среќен и ќе оди да постави нови рекорди

Новак Ѓоковиќ по голема борба и повеќе од три часа игра, синоќа успеа да го победи  Роберто Баутиста Агут со 4-6, 6-4, 7-6. Најдобриот тенисер во светот губеше со 1:0 о сетови, беше во заостанување и во решавачкиот трети сет, но на крајот успеа да победи. Самиот Ноле не верувал дека ќе победи на овој меч.

„Многу чуден меч. Не знам како победив. Тој беше подобар играч. Јас не се чувствував добро на теренот, но некако на крајот успеав. Кога имате шанса морате да ја искористите. Победа си е победа. Задоволен сум“, рече Новак по мечот.

Со оваа победа, Ѓоковиќ ќе се бори за 35 титула на Мастерс турнирите, а вкупно ќе ја бара 80-тата титула во кариерата. Доколку успее да победи во Синсинати, тој ќе биде првиот тенисер кој барем по два пати победувал на сите Мастерси.

Во финалето, вечерва од 19 часот, Србинот ќе игра против Милош Раонич против кого има 10 победи во досегашните 10 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести