Ноле со прва реакција откако се дозна дека станува газда на познат француски клуб

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе биде еден од новите газди на францускиот клуб Ле Ман.

Ѓоковиќ како ортаци во сопственичката структура на клубот ќе ги има и  Јоргос Франгулис кој е момче на тенисерката Арина Сабаленка (Белорусинката е пријателка на Новак, па преку неа и дошло до соработката), а покрај нив, во клубот влегуваат и двајца поранешни Формула 1 пилоти, Фелипе Маса и Кевин Магнусен. Визијата е да се поврзат фудбалот и легендарната трка „24 часа Ле Ман“.

По овие најави, Ѓоковиќ самиот на социјалните мрежи ја потврди соработката и тоа дека се работи за сериозен проект.

Ле Ман е член во втората лига во Франција, а една од првите цели ќе биде враќање на овој клуб во елитната Лига 1. Што се однесува до Франгулис, ова не е неговиот прв фудбалски клуб, со оглед на тоа што беше дел и од бразилскиот клуб Коритиба.

- Оглас -

Најнови вести