Норман е херојот од сенка за Портланд, Јанис удри со метлата по Мајами (видео)

Норман Пауел беше херојот од сенка за Портланд во победата од 115:95 над Денвер за израмнување на 2-2 во серијата. Тајното оружје на Блејзерси ги изненади Јокиќ и дружината кои делуваа прилично дефокусирано и лесно го пуштија овој меч од раце.

Крилото на Портланд ја потврди добрата партија со 29 поени, односно 11/15 од игра и 4/4 за три поени, одржувајќи ја високата предност на домаќините во текот на целиот меч. Пауел доби помош од Меколум со 21 поени, додека на другата страна на скромни 16 поени беше задржан Никола Јокиќ.

Милвоки е првиот тим кој се пласира во источното полуфинале по победата од 120:103 на гостувањето кај Мајами со што ја комплетираше серијата со префектни 4-0 против актуелниот вицешампион.

Со троен учинок од 20 поени, 15 асистенции и 12 скока, Јанис Адетокумбо ги предводеше Елените до новиот сигурен триумф, односно решавање на оваа серија која се очекуваше да биде за нијанса понеизвесна, меѓутоа Жешките се предадоа без борба.

https://twitter.com/NBA/status/1398730306757312512

Голема работа завршија бековите на Јута, Донован Мичел и Мајк Конли, за втора победа на Џезерите против Мемфис при резултат 121:111. Западниот лидер од регуларниот дел ја сврти серијата во своја корист по три натпревари, а за победата бековите на Јута комбинираа 56 поени, како одговор на 28-те поени на Жа Морант, младата ѕвезда на Мемфис.

Џоел Ембид со 36 поени ја предводеше Филаделфија до третата победа против Вашингтон при конечни 132:102, по што Сиксерси ги дели еден триумф од пласман во следната фаза.

https://twitter.com/NBA/status/1398815321004417024

- Оглас -

Најнови вести