Норвешка има строги мерки за ковид-19, висат дуелите меѓу Вардар и Елверум во ЛШ

Неизвесни повторно се натпреварите меѓу Вардар и Елверум во Лигата на шампионите што треба да се играат на 21 и на 25 февруари, прво во Скопје, па во Елверум.

Вардар нема да може да патува за Норвешка ако останат сегашните строги мерки во оваа земја за сите странци во услови на пандемија со ковид-19.

Карантинот во Норвешка е задолжителен за сите што патуваат на Северот од Европа, што создава тешкотии и за Вардар во овој случај, но најмногу за Елверум.

Еднаш веќе имаше одложување на дуелот меѓу Елверум и Вардар, а требаше да се игра на 24 септември лани, но ЕХФ го одложи мечот, па ново евентуално пролонгирање е речиси невозможно.

Норвежаните сега имаат мака како да го организираат следниот меч со Пари Сен Жермен на 11 февруари, а иако треба да бидат домаќини, побараа од ЕХФ да играат во Париз.

Ако во Норвешка наскоро не се сменат работите со строгите ковид правила, од Елверум најавуваат дека е можно дури и да прекинат со настапи и да се повлечат од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести