Норвешка ја „растури“ Шведска во дуелот кој немаше никакво резултатско значење

Репрезентацијата на Норвешка неочекувано лесно дојде до победата над полуфиналистот Шведска на Европското ракометно првенство во Германија. Швеѓанит,е кои очигледно се штедеа за она што ги очекува во борбата за медал, загубија убедливо со 33-23 од Норвешка, која и покрај победата, групата ја завршува на петтата позиција, а во финалното рангирање ќе биде деветта или десетта.

Израмнето се играше сè до средината на првото полувреме, кога Норвешка го презеде водството и на паузата замина со предност од 15-12. Шведска вистински потпот доживеа во второто полувреме, откако Норвешка со серии од двапати по 4-0 и еднаш 5-0 дојде до највисоки +13 во 50-тата минута.

Шведска во полуфиналето ќе игра против актуелниот олимписки шампион, Франција.

- Оглас -

Најнови вести