Норвешкиот ски-скокач Кристофер Ериксен Сундал за влакно избегна катастрофа на стартот на Светскиот куп во Лилехамер. Во текот на квалификациите за првото поединечно натпреварување, рекламната табла која се наоѓаше зад него го удри и го поттурна, па натпреварувачот едноставно мораше да стартува пред да му биде даден знак од неговиот тренер.
Сундал искусно реагираше и се снајде. Остана стабилен, успеа да изведе безбеден скок, а на крајот имаше далечина од 132 метри, што беше доволно да обезбеди место во следната фаза.
„Ако раката ми беше меѓу гредата и рекламната табла, тогаш веројатно ќе имав скршеница на зглобот или на рамото. Среќа што добро се заврши“, рече Сундал за инцидентот.
Поранешниот германски селектор Варнер Шустер оваа ситуација ја нарече „опасна по живот“, а Свен Ханавалд истакна дека е среќен „затоа што не се случи ништо лошо“.