Норвежаните се жалат: Салата е стара, сместени сме во хотел-казино со зачадени ходници (Фото)

Во текст објавен на официјалната интернет-страница на Кошаркарската федерација на Норвешка, Норвежаните се жалат од условите кои ги имаат во Гевгелија.

„Речиси на границата со Грција, во казино-хотел во кој играчите треба секој ден да поминат низ зачадени простории и неколку стотици слот машини за да стигнат до ресторанот, Норвешка се подготвува за важниот меч против Македонија. Натпреварот нема да се игра во главниот град, Скопје, каде што ја има модерната арена „Борис Трајковски“ со капацитет од 6.500 места, туку во Гевгелија, град со 15 илјади жители и во старата и запуштена сала „26 Април“ со една трибина која собира 1.300 гледачи“, пишува во најавата за вечерашниот натпревар.

Норвежаните се во Гевгелија уште од понеделникот вечерта, а во анализата на македонскиот тим се жалат и што многу лесно сме натурализирале играчи, па ја критикуваат ФИБА, која го дозволува тоа.

Кошаркарската репрезентација на Норвешка само еднаш гостувала во Македонија, и тоа во мај 1995 година во претквалификации за ЕП 1997 во Кавадарци, и загуби со 20 поени разлика (беше 99-79 за нас).

- Оглас -

Најнови вести