Норвежаните загубија и од Данска, катастрофа би било ако не ги победиме в недела

Победата на Данска над Норвешка од 69-61 во претквалификациите за Евробаскетот 2025 е добра вест за македонскиот национален тим бидејќи в недела во Осло ќе гостуваме кај тим кој очигледно не е во форма и ќе биде демотивиран по губењето на шансите за прво место во групата.

Данска немаше ниту една победа во првите четири кола, но вечерва го победија скандинавскиот ривал. Кај Норвешка, од 61 поен, 54 дадоа тројца играчи, а најдобар беше Фреј со 24 поени.

Норвешка е во серија од три порази по ред и не би требало да ја испуштиме шансата да ги победиме за три дена и да обезбедиме пласман меѓу 32-те селекции кои ќе играат квалификации за ЕП и од кои 24 ќе се најдат на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести