Норвежаните знаат дека ги чека пеколен реванш: На „Маракана“ се чувствува како да има 200.000 гледачи

Норвешниот тим Бодо/Глимт со 2:1 ја победи Црвена ѕвезда, резултат кој најавува многу неизвесност во реваншот, по кој ќе се знае екипата што ќе избори место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Реваншот ќе биде следната среда на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен, знае дека ќе биде пеколна атмосферата. Тој вели дека на популарната Маракана атмосферата може да се чувствува како да има и 200.000 навивачи на трибините.

„Мислам дека можеме многу да научиме од тоа што го направивме вечерва. Во реваншот ќе биде луда борба и ментален тест. Кажуваат дека атмосферата на стадионот во Белград може да се спореди како да има 200.000 луѓе на трибините. Ќе биде диво“, вели тренерот на Бодо/Глимт, Кнутсен.

 

- Оглас -

Најнови вести