Норвич – Манчестер јунајтед најгледан дуел во Велика Британија по спортскиот камбек

Средбата на „Кероу роуд“ меѓу Норвич сити и Манчестер јунајтед, во која Црвените ѓаволи обезбедија пласман во полуфиналето од ФА купот, беше најгледан спортски настан во Велика Британија по враќањето на спортот по пандемијата со корона-вирусот.

Вкупно 6,4 милиони Британци ја проследија победата на Јунајтед преку малите екрани, дуелот одигран во саботата заврши со конечни 2-1, кои ги постави капитенот на гостите Хери Мегваер во финишот од продолженијата. Мечот Њукасл – Манчестер сити кој се одигра вчера го проследија 5,1 милиони гледачи.

За потсетување, полуфиналните двојки во најстарото фудбалско натпреварување се Манчестер јунајтед – Челзи и Арсенал – Манчестер сити. Средбите се закажни за 18 и 19 јули и ќе се одиграат на Националниот стадион „Вембли“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести